РКЕ со демант за ВМРО-ДПМНЕ: Тврдењата за висината на платата на Бислимоски се неточни и лажни

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) и водни услуги ја отфрла изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за висината на платата на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски како неточна и лажна.

– Платите се јавно објавени и се далеку пониски од предвидените пет просечни нето плати во секторот согласно законот за енергетика, се вели во соопштението на РКЕ.

Доколку Арсовски не се извини за изнесените шпекулации, ќе следува приватна тужба, а парите од отштетата ќе бидат донирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот