РКЕ се уште без одлука за цената на струјата

Регулаторите нагласуваат дека цената на електричната енергија ја утврдуваат согласно методологијата за цени и посочуваат дека годинава потрошувачката на струја би можела да биде помала за 2 до 3 проценти.

Откако енергетските компании побараа зголемување на цената на електричната енергија тврдејќи дека трошоците за произвосдство им се зголемиле за што ги приложија и нивните пресметки, регулаторите се уште немаат одлука по однос на ова прашање.

Велат овој процес ќе трае подолго бидејќи од компаниите побарале дополнителни податоци.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека потребно е дополнително истражување бидејќи оваа година по многу нешта е специфична, а особено во делот на потрошувачката на електрична енергија забележани се невообичаени пикови, а презентирани се поголеми тришоци.

Регулаторите нагласуваат дека цената на електричната енергија ја утврдуваат согласно методологијата за цени и посочуваат дека годинава потрошувачката на струја би можела да биде помала за 2 до 3 проценти како резултат на намалената потрошувачка од страна на индустријата и компаниите кои не работеа изминатиот период поради кризата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот