РКЕ со одлука да се намали малопродажната цена на горивата

Со денешната одлука се укинува и дополнителната акциза за безоловниот бензин.

Според најновите пресметки на регулаторот кои се базираат врз светските движења на цените на нафтените деривати, а кои изминатиот период забележаа просечен пад од 1,61 отсто, донесена е одлука со која од ноќеска на полноќ следи намалување на горивата во малопродажба.

Дополнителната акцизата за безоловен бензин која беше воведена со Уредба на Владата за примена на законот за вонредна состојба сега се намалува од 3 на 2 денари што пак придонесува за дополнително намалување на овие горива за 1 денар по литар па со овие измени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,5 денар по литар.

Согласно денешната одлуката дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари.

Со ова од ноќеска на полноќ малопродажната цена на горивата поодделно ќе изнесува ЕУРОСУПЕР БС-95 60,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) со намалувањето од 0,50 денар за литар ќе се продаваат по следните цени: ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 ден/кг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот