РКЕ ги задолжи БЕГ и ПУИГ да се произнесат по барањето за лиценца на ГЕС

фото: Слободен печат

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги задолжи Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИГ) да се произнесат за постапката за издавање лиценца на Градски енергетски системи (ГЕС) за дистрибуција на топлинска енергија во Град Скопје.

Задолжението, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, им го дале на состанокот што се одржа во понеделникот.

– Ги задолживме БЕГ дистрибуција и ПУИГ да се произнесат во однос на барањето на ГЕС за добивање лиценца. Кога ќе ги добиеме нивните одговори ќе ја информираме јавноста до каде е, и што се случува со оваа постапка, рече Бислимоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот