РК Вардар со ново име, Михајловски генерален менаџер на „црвено-црните“

rkvardar.mk

Ова е нов момент за екипата која двапати во три години ја освои титулата во Лигата на шампионите…

Како што се најавуваше и од претходно, се регистрира РК Вардар како нов субјект со додавка во името, Вардар 1961.

Според „faktor.mk“, компанијата за изградба и одржување на топлотехнички постројки Ватростална официјално стана нов сопственик на клубот.

Ова е нов момент за екипата која двапати во три години стана европски шампион, старо-новиот сопственик Михајло Михајловски ќе менаџира со „црвено-црните“.

Како партнери-помагатели, претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, а неизвршен член на истиот е Благоја Лазаревски.

Вардар веќе размислува за следната сезона, започна со ангажирањето на нови трансфери, досега обезбедени се услугите на Робин Кантегрел, Филип Талески, Дмитри Санталов, Томислав Јагуриновски и Гоце Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот