РК Тинекс Пролет: Скопје, Маврово, па атак на место во плејофот!

фото: rkprolet.mk

Шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески денеска ја одржа првата прозивка, со што беше означен официјалниот старт на подготовките на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона.

Откако во изминатите денови се тренираше индивидуално и во мали групи согласно протоколите, Матлиески ги собра на едно место сите ракометари кои ќе играат во сезоната 2020/21.

Тинекс Пролет од почетокот на оваа сезона се враќа на клупската политика да настапува исклучиво со домашни ракометари. Во тој правец, летово беа ангажирани две засилувања, Дејан Пецаковски и Давор Палески, кои ќе се обидат да помогнат во остварувањето на зацртаните цели – освојување на едно од првите три места во групата и влез во плејофот.

По долго размилување, донесена е одлука тимот да не учествува на турнирот во Струга, се со цел здравјето на ракометарите да не се стави во опасност во период на нов бран на коронавирусот во нашата земја.

Правиот дел од подготовките ќе го имаат во Скопје, по што на 15 август ќе заминат на висински подготовки во Маврово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот