РК Алкалоид без проблеми против Струга, нови бодови за Еурофарм Пелистер 2

Мартин Серафимов („РК Алкалоид“) беше најефикасен во победата над Струга/фото: facebook.com/rkalkaloid

Ракометниот клуб Алкалоид, по тесниот пораз во минатото коло од актуелниот првак Вардар 1961, го оствари и четвртиот триумф сезонава во шампионатот.

Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров направија нов чекор кон пласман во суперлигашкиот плеј-оф. Денеска РК Алкалоид доминираше и успеа да ја совлада екипата на Струга со конечен резултат 36:29.

Мартин Серафимов со девет постигнати гола беше најефикасен играч во победничките редови, а на спротивната страна осум погодоци беа дело на Никола Цветковски.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа подобри од Скопје со 28:19 во рамките од групата „Б“. За битолскиот тим Петар Атанасијевиќ постигна пет голови, а за Скопје Жарко Барјактаревиќ шест пати се запиша во листата на стрелците.

Суперлига 2022/2023

Група „А“, табела: Вардар 1961 15 бодови, Алкалоид 12, Бутел Скопје 12, Струга 7, Охрид 6, Прилеп 4, Куманово 3, Вардар Неготино 0.

Група „Б“, табела: Еурофарм Пелистер 13 бодови, Тинекс Пролет 11, Тиквеш 10, Еурофарм Пелистер 2 10, ГолденАрт 6, Скопје 2020 3, Радовиш 2, Јуниор КВ 1.

Видео на денот