Рјабков: Русија не стравува од американски санкции, навикната е

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва не стравува од можни санкции на САД поради договорот за вооружување со Иран.

– Не се плашиме од американските санкции, навикнати сме на нив. Тоа нема да влијае на нашата политика на кој било начин. Нашата соработка со Иран е повеќекратна, одбранбената соработка ќе напредува во зависност од потребите и меѓусебната волја на двете земји, рече Рјабков.

Како што пренесуваат странските агенции, САД на 21 септември ќе санкционираат 20 лица поврзани со иранската програма за нуклеарно, ракетно и конвенционално оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот