Рјабков: Кризата во американско-руските односи е полоша отколку за време на Студената војна

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Кризата во односите меѓу Русија и САД може да биде уште поопасна од ситуацијата што ја имаа земјите за време на Студената војна, изјави синоќа рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.

– Да ви кажам искрено, според нашите проценки, она што сега го гледаме во билатералните односи меѓу Русија и САД може да се опише како многу тешка и предизвикувачка криза, веројатно до одреден степен ја надминува најлошата ситуација што ја доживеаја двете нации за време на Студена војна, војна, посочи Рјбков при онлајн обраќањето на форумот Дијалог Форт Рос.

Тој нагласи дека може да биде уште поопасно поради фактот што тогаш имало јасни рамки и јасни правила, а сега има голема неизвесност за се. Рјабков, исто така, рече дека Русија тргнува од претпоставката дека САД нема да можат да воспостават противракетен одбранбен систем кој обезбедува 100 процентна заштита и дека Москва е загрижена поради фактот што Вашингтон создава дополнителна нејасност во однос на околностите кои дозволуваат употреба на нуклеарно оружје.

Рускиот заменик министер потсети дека Русија ги повикува САД да се вклучат во дијалог со неа за прашањето за меѓусебно дипломатско присуство и да испратат повеќе дипломатски претставници во Москва. – Оваа надолна спирала во однос на бројот на дипломатски персонал може да предизвика дури и затворање на амбасадите во Вашингтон и Москва доколку не запреме. Сакаме ова да престане, не сакаме натамошни случаи на протерување луѓе и продолжување на оваа негативна спирала на одмазда, рече високиот дипломат.

Тој најави дека руско-американскиот дијалог за стратешка стабилност ќе продолжи во рок од неколку недели.

Извор: МИА

Видео на денот