РИЗИКОТ СЀ УШТЕ Е ВИСОК: Војската трага по загинатите во ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Фото: EPA-EFE/AUCKLAND RESCUE HELICOPTER TRUST

Воен тим од Нов Зеланд слета утрово на Белиот остров во потрага по телата на луѓето кои загинаа при ерупција на вулканот.

Полицијата наведува дека тоа е многу ризична операција и затоа се спроведува многу внимателно поради опасност од нови ерупции.

На Белиот остров, оддалечен 50 километри од источниот брег на Нов Зеланд, се уште излегува чад од вулканот кој, според мислењето на експертите, би можел повторно да се активира во секое време.

Бројот на загинатите се зголеми на осум, а според проценките на здравствените власти, билансот на жртвите не е конечен. Како исчезнати се водат 16 лица, а повеќе од 24 лица се наоѓаат на интензивна нега со тешки изгореници.

Островот е посетуван како популарна туристичка дестинација, а на денот на несреќата таму се наоѓале 47 туристи, меѓу кои најмногу австралиски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот