Ризикот од деменција може да се намали за 45 отсто ако ги направиме овие 14 работи

Фото: Профимедиа

Речиси половина од сите случаи на деменција може да се одложат или спречат со решавање на 14 потенцијални фактори на ризик, вклучувајќи губење на видот и висок холестерол, според „Лансет“.

Деменцијата, брзо растечки глобален предизвик, погодува околу 57 милиони низ светот, а се очекува тој број да се зголеми на 153 милиони до 2050 година. Иако преваленцата на деменцијата се намалува во земјите со високи приходи, таа продолжува да расте во земјите со низок и среден приход, пишува „Саенс алерт“ (Science Alert).

Третиот извештај на Комисијата за деменција Лансет потврдува 12 претходно идентификувани потенцијално променливи фактори на ризик од два претходни извештаи, објавени во 2017 и 2020 година. Исто така, нуди нови докази кои поддржуваат два дополнителни променливи фактори на ризик: губење на видот и високи нивоа на холестеролот на липопротеините со ниска густина (ЛДЛ), познат како „лош“ холестерол.

Поголем број здрави години

Извештајот укажува дека намалувањето на овие 14 ризици може да го зголеми бројот на здрави години од животот и да ја намали должината на времето со лошо здравје кај луѓето со деменција.

Освен тоа, извештајот ги наведува клиничките испитувања кои покажуваат дека нефармаколошките пристапи, како што е користењето активности прилагодени на интересите и способностите, може да ги намалат симптомите поврзани со деменција и да го подобрат квалитетот на животот.

Со оглед на недостатокот на лек за деменција, овој извештај ја нагласува важноста на превенцијата, како и поддржувањето на  квалитетотот на животот на оние на кои им е дијагностицирана деменција. Во новиот извештај, тимот предложил амбициозна програма за превенција од деменција која може да се имплементира на нивото на поединецот, заедницата и политиката и во текот на животниот век од раниот до средниот и доцниот период од животот.

Клучните точки вклучуваат:

Во раниот живот, подобрување на општото образование.

Во средната возраст, решавање на губењето на слухот, високиот (ЛДЛ) холестерол, депресијата, трауматските повреди на мозокот, физичката неактивност, дијабетесот, пушењето, хипертензијата (висок крвен притисок), дебелината и прекумерното консумирање алкохол.

Во подоцнежниот живот, намалување на социјалната изолација, загадувањето на воздухот и губењето на видот.

Насоки за креаторите на политиките

Заедно, сето ова се надоврзува на проценката на Комисијата за деменција Лансет дека ризикот од деменција може да се намали за 45 отсто. А изобилството од нови истражувања покажуваат дека факторите на ризик, како што е изложеноста на загаден воздух, се поврзани со подобрување на когнитивноста и веројатното намалување на ризикот од деменција.

Намалувањето на ризикот од деменција од 45 отсто кај светската популација се заснова на пресметката која претпоставува дека факторите на ризик се причински и дека можат да се елиминираат. Тоа покажува колку превенцијата од деменција е критична какво влијание би имала врз поединците и семејствата.

Комитетот ја нагласил потребата од дополнително истражување за да се идентификуваат дополнителни фактори на ризик, да се тестираат промените на факторите на ризик во клиничките испитувања, да се дадат насоки за напорите за јавното здравје и да се идентификуваат и проценат стратегиите за спроведување и скалирање на програмите засновани на доказите што ги поддржуваат луѓето со деменција и старателите (негувателите).

Ажурираниот извештај има влијание на јавното здравје и истражувањето во целиот свет и широко се дистрибуира. Таа служи како насока на лекарите (клиничарите) и креаторите на политиките и ги исцртува новите насоки на истражувањата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот