Ривалството помеѓу Федерер и Надал не е најголемо

EPA-EFE/MAST IRHAM

Мекинро смета дека низ историјата имало исто така големи ривалства кои одбележале една ера од тенисот.

– Дуелите помеѓу Федерер и Надал дефинитивно се фантастични, но имаше многу големи ривалства низ историјата. Тука се и ривалствата како Бекер-Едберг, Агаси-Сампрас, Бјон Борг и јас или Џими Конорс и јас, и сите тие одбележаа една ера… Сепак, нивото на игра кое го достигнаа Рожер, Рафа Надал и Шоковиќ е единствен и историски – вели Мекинро.

Поранешниот тенисер кој сега работи како аналитичар за неколку телевизии, смета големата тројка на тенисот е нешто невидено досега.

– Тие тројца постојано напредуваат, се подобруваат иако сите велат дека нивното време полека заминува. Толку се мирни кога играат со младите тенисери, тоа е нешто неверојатно. Во моето време, постарите тенисери стануваа се поспори и беа плен за помладите конкуренти, но тоа на Рожер, Рафа и на Новак не им се случува – додава Мекинро.

Рожер Федерер и Рафаел Надал, еден против друг играле 40 пати, а поуспешен во меѓусебните дуели е Шпанецот кој има 24 победи и 16 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот