Ривалдо: Само еден играч може да го замени Меси!

фото:твитер

Во пресрет на првото „Ел Класико“ сезонава меѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид, екс играчот на каталонскиот клуб, Ривалдо за „Мирор“ зборуваше за својата поранешна екипа.

Бразилецот најмногу зборуваше за Лионел Меси и во тоа што треба да направи Барса за да најде негова замена во иднина.

– Меси нема да трае засекогаш. Еден ден ќе дојде неговиот последен меч и ќе го напушти фудбалот – рече Ривалдо, па продолжи:

– Сега ја прави разликата, постигнува голови, но морате да имате друг фудбалер кој ќе ја игра неговата реална улога. Само еден играч може да го замени Меси во Барселона, а тој играч е Нејмар. Тој направи грешка кога ја напушти Барселона, но доколку се врати, ќе може да биде разликата, како што сега тоа го прави Меси – додаде Ривалдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот