Ривалдо: ПСЖ со Меси може да ја освои Лигата на шампионите!

Сѐ погласни се шпекулациите дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во редовите на ПСЖ.

Ова го потврди и еден француски новинар кој рече дека има проверена информација и дека Аргентинецот пристигнува во Париз. Навивачите на францускиот клуб се возбудени поради ваквите најави, а свој коментар имаше и легендарниот Бразилец Ривалдо.

– Би сакал да ги видам Нејмар и Меси повторно заедно, па макар и во ПСЖ. Нејмар истакна дека ќе ги здружи силите, тој сигурно знае нешто – рече Ривалдо и додаде:

– Сигурно нешто му навестуваат од врвот на клубот за преговорите. Двајцата се пријатели, разговараат..Нејмар знае дека му истекува договорот на Меси и тој прави притисок врз Аргентинецот да дојде во францускиот главен град – се зборовите на екс играчот на Барса.

Медиумите во Шпанија шпекулираат дека со доаѓањето на Меси, се отвора патот на Килијан Мбапе да направи трансфер во Реал Мадрид:

– Кој знае, можеби сите тројца ќе играат заедно. Доколку тоа се случи, ПСЖ би бил фаворит во сите натпреварувања, особено во Лигата на шампионите – смета Ривалдо.

ФОТО: Навивачите за восочната фигура на Меси, изгледа како Ремзи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот