RITUALS Cosmetics: Совршена нега на кожа инспирирана од древната источна традиција

Козметика за нега на тело, која претставува модернизација на источните автентични традиции и нивно преточување во значајни ритуали.

Веројатно, многумина од вас, патувајќи низ Европа, сте наишле на слатки бутици со холандска козметика „Rituals“ (Ритуалс), кои магнетски ги привлекуваат клиентите со своите мириси, дизајни, светли бои, пакувања и разновидни производи за нега на кожа. Но, овие автентични производи не привлекуваат само со своите прекрасни мириси, туку и со својата филозофија – сите производи се богати со природни активни состојки, кои имаат силен ефект врз кожата без да ја иритираат. Од овие причини, откако поминавме многу време шетајќи низ продавниците, барајќи совршен производ, мирисајќи разни креми, пилинзи, гелови за туширање, масла за тело, шампони, регенератори…, откако стекнавме „лекција“ за ароматерапија, решивме да ги споделиме овие сензации со вас. Сензациите наречени „Rituals“. Зашто козметиката Rituals е навистина ритуал на лична нега, домашен СПА-салон. А, после ваква нега, кожата свети, а душата пее и се радува.

Подигнете го туширањето на повисоко ниво

Светот на нега на кожата и бањата имаат речиси синонимна релација, бидејќи и двата содржат елементи на третман и релаксација. Врз основа на оваа релација, во 2000 година се роди нова линија на луксузна козметика за нега на тело, која претставува  модернизација на источните автентични традиции и нивно преточување во значајни ритуали.

Иновативната и елегантна марка „Rituals“ е основана во 2000 година од Рејмонд Кластерман.

– Моја инспирации беа креативните лидери со силна визија. Помислете само на Хауард Шулц, основачот на „Старбакс“; луѓе со визија кои создаваат исклучителни работи на стратешко и креативно ниво. Истото важи и за Стив Џобс, кој со „Епл“ постојано ги менуваше сите правила на пазарот. Тие се визионери, но истовремено обрнуваат многу внимание на деталите, вели Рејмонд Клустерман, основачачот на „Rituals“.

Ритуал на Ајурведа
Дао е древна кинеска филозофија насочена кон постигнување на совршена хармонија помеѓу Јин и Јанг

За да ги создаде своите производи, компанијата користи само органски и природни состојки. Можеби најзначајната споредба за разликување на природната козметика „Rituals“ и СПА-козметиката е нејзиниот неверојатно висок квалитет, кој лежи не само во нејзината висока моќност, туку и во нејзината некомплицирана, но сепак шик-текстура. Компанијата не користи состојки од животинско потекло (освен ланолин и пчелин восок), а производите не се тесираат на животни. Сите билни состојки се одгледуваат во Индонезија, а потоа се обработуваат рачно.

RITUALS е првиот бренд во светот што комбинира домашна козметика и козметика за тело. Со експанзивна линија на производи, вклучително и за нега на тело, миризливи свеќи, миризливи стапчиња, производи за нега на кожа, скапоцен минерален „мејкап“ и „облека“ за душата, брендот ги трансформира рутините во значајни моменти – во ритуали.

Ритуал на Хепи Буда
Среќата е далеку на само неколку притискања на спрејот за ентериер

Во 2000 година, RITUALS ја отвори својата прва продавница во Амстердам, а потоа се отворија продавници во Лондон, Мадрид, Антверпен, Париз, Лисабон, Берлин, Стокхолм, Њујорк…, денес луксузната марка има над 880 продавници, повеќе од 2.600 продажни места во 33 земји во светот. На наше задоволство производите се достапни и во Македонија.

Ритуал на Сакура
Ритуалот на Намасте е нова, напредна палета за нега на кожа што покажува најголема почит кон природата, како и за вашата природна убавина.
Тоалетната вода за тело од Ritual of KARMA, е лесна и забавна, и прави да ширите мирис на свежина секаде околу вас.

 

Производите на RITUALS Cosmetics , можете да ги најдете на следните две локации:

Аптека „Бета фармација“, ул. „Рузвелтова“ бр 24, Скопје и

продавница „BetaJEWELS&Cosmetics“, ул. „Ленинова“ бр. 33а, Скопје.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот