Ритуали за нега СТАРИ СО ВЕКОВИ, кои ги применуваме и денес

ритуал нега

Модерните времиња носат и модерни промени кога е во прашање негата, но некои ритуали останале да се применуваат и со векови.

Многу козметички брендови користат состојки и рецепти според древни записи и активно ги произведуваат и вклучуваат во своите линии на производи. Ова се некои од нив:

Масло од роза (Турција)

Турчинките имаат нега базирана на природни и органски производи. Маслото од роза отсекогаш било скапо, а тие го додавале во кремите за нега и во водата за капење. Се верува дека помага за решавање на сите типови проблеми на кожата, а особено се препорачува за секојдневната нега над 30 годишна возраст.

Креми за раце (Франција)

Традицијата на нега на дланките потекнува од Франција и ја применувала и Марија Антоанета, за која лекари специјално произведувале формула за нејзе. Таа имала и вработени козметолози кои се грижеле исклучиво за нејзините дланки.

Сауна (Финска)

Финските сауни настанале како начин за борба против прекумерна тежина, болести на нервниот систем и намален имунитет. Се покажало дека престојот во финска сауна му овозможува на телото брзо согорување калории.

Куркума (Индија)

Куркумата е одлична и како зачин, но и како козметичко средство, бидејќи има антигабични и антисептички својства. Се покажала како ефикасна во борба против акните и првутот.

Акупунктура (Кина)

Акупунктурата е метод стар околу 2000 години, кој се покажал ефикасен во лечењето астма, главоболки и проблеми со грбот. Исто така помага и кај луѓето кои неконтролирано се прејадуваат, помагајќи им да воспостават нормален циклус на исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот