Рита Ора им помага на жртвите од земјотресот во Албанија! Го избра првото семејство на кое ќе им изгради куќа! (ФОТО)
По низата разорни земјотреси кои ја погодија Албанија, многу луѓе покажаа и покажуваат солидарност. Имавме прилика да читаме за многу трагедии во кои животите ги загубија преку 50 луѓе.
Меѓу првите кои покажаа солидарност се пејачките Дуа Липа (24) и Рита Ора (29).
Рита Ора веднаш отпатувала во Албанија, каде на едно семејство ќе им помогне да ја обноват куќата.
– Предлагам оние кои можат да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин да им се помогне во обнова на куќите. Првото семејство кое го избрав е семејството Сала – открила пејачката.
– Скршена сум од вестите од Албанија. Моето срце и молитвите се со Албанците. Ви ја праќам цела моја љубов во овие тешки моменти – напишала Дуа Липа.
Липа навела дека ќе работи со албански модни дизајнери на проекти, а приходот од тоа ќе биде наменет за жртвите од земјотресот.