Рита Ора ги разлути фановите со новата колекција: Сакаш публицитет во време на пандемија! (ФОТО)

Холивудските ѕвезди на различни начини се обидуваат да помогнат на лекарите за лечење на коронавирусот и општо запирање понатамошно ширење на болеста.

Ријана за борбата против коронавирусот донираше 5 милиони долари, актерката Гал Гадот ги потикна славните заедно да запеат на Инстаграм, а Рита Ора одлучи да лансира колекција на маици од чија заработка, сите пари ќе се донираат во здружението COVID19 Solidarity Response.

„Доколку не сте слушнале, ја лансирав колекцијата #StopTheSpread и кампања во соработка со UN и Светската здравствена организација! Сите пари собрани од оваа заработка ќе бидат донирани во COVID19 Solidarity Response. Доколку сакате да направите нешто во врска со вирусот, останете сигурни и чисти, па одиграјте ја вашата улога со купување на оваа колекција. Можеме ние заедно“, напиша Рита под фотографијата.

Иако многу нејзини пријатели со воодушевување ја дочекаа оваа вест, имаше и онакви кои сметаа дека Рита едноставно можела да донира свои пари и дека сега не е време за искористување на бесплатна работна сила во фабриките за да се произведат овие маици.

Со овој твит се согласи многумина и истакнаа дека ова е навистина непромислен и непотребен потег на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот