Ристовски: Заканите не ме плашат, а овие двајца кандидати немаат капацитет да го водат МОК
Голманот на ракометната репрезентација и на Вардар, Борко Ристовски, пред почетокот на Собранието на Македонскиот олимписки комитет на кое ќе се избира наследник на досега единствениот претседател Васил Тупурковски, смета дека и двајцата кандидати Даниел Димевски и Александра Војнеска Зикова немаат капацитет да го предводат МОК.
– Јас сум тука на покана на МОК како гостин, како спортист и како член на најголемата политичка партија во Македонија. Морам да бидам дел од овој избор на нов претседател на МОК бидејќи од него зависи иднината. Јас она што имав да го кажам го кажав уште пред неколку дена, двајцата кандидати не се она што и треба на Македонија како држава и на спортот во целина. Тие немаат ниту капацитет ниту морален кредибилитет за да водат институција како што е МОК. Јас сум овде за одблиску да ги следам сите овие работи што ќе се случуваат, да видам кои федерации ќе гласаат за спортот, а кои за криминалот и за она што ќе се случува овде. Ние како спортисти сме против одржување на ова собрание. Ќе повторам, на Македонија не и значат ниту Димевски ниту Војнеска не и значат ништо, ниту пак поседуваат организациски и менаџерски способности за да управуваат со оваа институција – изјави Борко Ристовски кој додаде дека добивал закани откако истиот став го искажа пред неколку дена.
– По моето излагање добив непристојни понуди за идниот МОК, добивав и закани од некои луѓе кои се претставуваа во нечие име. На сите треба да им е јасна една работа – ја утнале адресата бидејќи мене не ме плашат закани, ниту пак ми требаат понуди бидејќи јас својата егзистенција за удобен живот за себе и за своето семејство ја обезбедив со играње во странство. Затоа, јас сум овде за македонскиот спорт и ништо друго не ме интересира. Македонија мора да најде подобро решение од овие двајца кандидати. Не протежираме никого, само сме против овие двајца кандидати. МОК е непартиска функција и затоа сите треба да застанат зад една таква идеја.
18 спортски федерации: Тупурковски и Попоски како нивна приватна забава го сфаќаат олимпизмот!
Чудни игри пред утрешниот избор за претседател на МОК, одбиена кандидатурата на Војнеска Зикова