Ристовски: Теренот е доста тежок за играње, за жал, наместо напред, ние одиме назад!

За Стефан Ристовски тешко беше да се игра на Арената „Тодор Проески“ против Финска/фото: ФФМ

Македонската А репрезентација ремизираше 1:1 на денешниот пријателски натпревар против селекцијата на Финска.

Тоа беше првата од двете контролни средби овој месец, а за три дена во Скопје нашите најдобри фудбалери ќе ги одмерат силите и против Азербејџан (14.00 часот).

Еден од најдобрите македонски играчи Елиф Елмас вели дека треба да се поправат многу работи за да биде Македонија на посакуваното ниво и да биде подготвена за следните квалификации за ЕП 2024.

Капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски смета дека има некои замори, несигурности како последица на тоа што некои играчи порано имале стандарна минутажа, сега тоа се изразува.

– Не сакам да барам алиби, но теренот е доста тежок на Арената за играње. Се лепи многу калта и навистина не ти дозволуваш да градиш игра. За жал работите кај нас наместо напред, одат назад, константно се враќаме на едно исто. Среќен сум што никој не е повреден, тешко е да се направи напредок на ваков терен. За натпреварот, ете на крајот заслужено нерешено. Има доста работи кои треба да се поправат. Во фудбалот мора да се гледа напред, да напредуваш. Што се однесува до мојот настап, може и подобро, доста натпревари одиграв сезонава, како и да е, овие контролни мечеви треба да се одиграат паметно, да излеземе здрави, тоа е најважно – рече Ристовски по натпреварот со Финците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот