Ристовски: Сега се зависи од нас

epa-efe
epa/Ali Haider

Борко Ристовски имаше одличен натпревар против против Исланд бранејќи 13 шута но за наша жал не успеа да го одбрани најважниот, во последните моменти со кој противникот извлече реми.

– Ние после таа победа во Рејкјавик знаевме дека ќе не очекува потежок меч. И во поголемиот дел од овој дуел, тие имаа контрола, но нас овој бод иако е задоволувачки, ни останува горчлив вкус бидејќи имавме шанса за победа. Но, ние во два меча со Исланд не загубивме и на ова треба да се гледа како нов почеток и нов чекор за да го одржиме нивото на ракометната репрезентација, па и да го кренеме. Сега не очекуваат два меча во кои најважно е во каква форма ќе биде целата репрезентација, зашто дуелите доаѓаат по тешка и напорна сезона. Но, од нас зависи сè. Зашто Турција има некој квалитет, но не е селекција од која треба да стравуваме, а ниту од Грција. На нас е да ги збиеме редовите и да победиме – рече Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот