Ристовски пред Порто: Да го подигнеме нивото на игра, на борбеност во одбраната и нападот!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 денеска заминува за Порто каде во четврток (20.45 часот) ќе го игра натпреварот од Лигата на шампионите против оваа португалска екипа.

За Португалија замина истиот состав со кој „црвено-црните“ настапија на последниот меч од СЕХА Газпром лигата против Нексе.

Во Скопје останаа голманот Робин Кантагрел и бековите Кристијан Дисингер и Марко Мишевски.

– После двата натпревари во СЕХА лигата во кои што ги добивме без разлика што после подолг период се собравме комплетно и без разлика што не одигравме на едно ниво кое што се очекува од нас за така релативно лесни противници кои што требаше да ги добиеме тие два натпревари дома. Мислам дека е доста важно што тие два натпревари ги добивме и мислам дека е доста важно што тргнуваме во Лигата на шампионите со две победи, со една самодоверба која што ни е во нагорна линија и мислам дека првите натпревари во ЛШ, овој првиот против Порто треба да биде една слика како треба и кон што треба да се стремиме како екипа и како индивидуи, мислам дека мечот со Порто ќе биде една одлична шанса да се одигра еден добар натпревар кој што ќе биде на далеку повисоко ниво во однос на мечевите во СЕХА.

Еден меч кој треба да го отвориме пред сè со добра игра, да пробаме да оствариме позитивен резултат и да влеземе во овој месец февруари што е можно физички и тактички поспремни, психички за сè она што нè очекува, но мислам дека кога сè ќе се собере и одземе, мислам дека мораме да го подигнеме нашето ниво на игра, на борбеност во одбраната, па и во нападот и на дуелот во Порто нашата игра ја издигнеме барем за 30% повеќе, полека да се подготвуваме за февруари кој што е навистина долг и тежок – вели голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски.

Вардар 1961 ја забележа и втората победа во СЕХА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот