Ристовски: Пандев е како Ибрахимовиќ – би сакал да се вратам во Италија!

epa08822413 Stefan Ristovski (C) of North Macedonia in action against Henri Jarvelaid (R) of Estonia during the UEFA Nations League soccer match between North Macedonia and Estonia in Skopje, Republic of North Macedonia, 15 November 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец во интервјуто за „Калчомеркато“ зборува за историскиот пласман на Европското првенство, за македонскиот фудбал, амбициите со неговиот клуб Динамо Загреб..

Стефан Ристовски вчера настапи во високата победа над Лихтенштајн (5:0), следниот настап во нашата А репрезентација се очекува да го има за два дена во Дуизбург против Германија во квалификациите за Светското првенство 2022.

Доби прашање колку е важно за националниот тим кој има лидер каков што е Горан Пандев, еве што одговори дефанзивецот:

– Горан е како Ибрахимовиќ во Милан, само гледајќи го на тренинзите можете да научите. Сите го сакаат во Македонија, тој е идол. Тој многу сакаше да се пласираме на Европското првенство, ми кажа дека е подготвен да ги даде сите трофеи во неговата кариера во замена за учество на ЕП – рече Ристовски.

Фото: ФФМ

Говореше и за неговото претходно искуство во Италија, а не ја исклучува можноста повторно да настапува на Апенините. Запрашан дали имаше било какви контакти во претходните години да се врати во Италија..

– Имаше нешто, но во фудбалот исто ви треба и среќа. Пред да се преселам во Спортинг Лисабон, Џенова ме бараше, во јануари бев блиску до Специја и во минатото исто ме бараше и Атлетико Мадрид. Но, јас сум среќен што се преселив во Динамо Загреб, затоа што тоа е клуб кој со факти покажа дека ме сака. Би сакал да се вратам да играм во Италија – вели нашиот одбранбен играч.

Динамо Загреб (во чии редови е и Аријан Адеми) изненадувачки го елиминираше Тотенхем од Лига Европа во осминафиналето, и во следната фаза ќе се соочи со Виљареал. Запрашан дали хрватската екипа може да го освои натпреварувањето:

– Не треба да се плашиме од никого. Виљареал не треба да нѐ плаши. Доколку ги имаме истите перформанси како против Тотенхем, ништо не може да нѐ запре. Целта е да стигнеме што подалеку, ќе видиме што ќе се случи – се зборовите на Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот