Ристовски: Ние сме европски шампиони, Нексе нема да го потцени Вардар

Новото засилување на голманската позиција на „црвено-црните“ и воедно репрезентативец, Ристовски многу добро го познава хрватскиот ракометен клуб од Нашице.

Денеска Вардар, актуелниот шампион во СЕХА Газпром лигата ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето против Нексе на гостински терен во Хрватска со почеток од 17.00 часот.

Дуелот се игра во Нашице, потсетување дека овој ривал успеа во осминафиналето да го елиминира битолскиот Еурофарм Пелистер.

Новото засилување на голманската позиција на „црвено-црните“ и воедно репрезентативец, Ристовски многу добро го познава Нексе.

Реваншот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје ќе се игра на 15 март.

Голманот на Вардар, Борко Ристовски:

– Иако ова ќе биде моето деби, запознаен сум со СЕХА лигата. Го знам многу добро Нексе, сезонава со Бенфика каде што играв успеавме да го елиминираме во ЕХФ купот. Ќе биде интересно, противникот ќе се обиде да направи изненадување и не мислам дека ќе нѐ потцени. Ние сме сеуште европски шампион и верувам дека ќе триумфираме на овој натпревар. Да се биде во Вардар значи многу, особено поради можноста да соработувам со Дејан Периќ кој прави многу за голманите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот