Ристовски: Не верувам дека можеме повторно да одиграме толку слабо

фото: ФФМ

Репрезентативците сè уште во мислите го имаат катастрофалниот настап против Австрија во Скопје кога загубија со 1:4. Иако репрезентацијата е десеткувана поради повредите на одредени стандардни фудбалери (Аријан Адеми, Иван Тричковски) и суспензии (Илија Несторовски, Бобан Николов, Висар Муслиу), фудбалерите се надеваат дека ќе одиграат далеку подобро од првата средба.

– Ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија – вели дефанзивецот Стефан Ристовски.

Дополнителен проблем за селекторот е тоа што најверојатно и капитенот Горан Пандев нема да може да настапи на утрешната средба (20.45 ч.). Селекторот Игор Ангеловски посакува една работа од своите избраници на утрешниот натпревар, со максимална ангажираност.

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа – рече Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот