Ристовски: Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има, и многу може да се заработи

Средби со граѓани во Тетово вечерва остварија  кандидатите за пратеници од македонската конзервативна партија Интегра предводени од претседателот Љупчо Ристовски и носителката на листата во Шестата изборна единица, Виолета Србиновска. Партискиот лидер ја посочи програмата насоловена „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија”.

– Мора да настапи новата македонска ренесанса бидејќи не се гледа крајот на тунелот чија темнина ја создаваа во овие 30 години двете најголеми партии кај Македонците. Периодот на просперитет и ренесанса ќе настапи доколку ја добиеме вашата поддршка, рече Ристовски.

Според него, државата нуди многу можности за заработка кај македонскиот народ.

Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има, и многу може да се заработи. Има можности за нова транспортна стратегија и возови за еден час до секоја точка во Македонија, геотермалните води да се искористат за термален туризам и слични проекти за привлекување посетители, рече Ристовски.

Носителката на листата во Шестата изборна единица Виолета Србиновска се обрати пред своите сограѓани од Тетово.

-Македонскиот народ мора со поддршка на Интегра да придонесе во зачувување на македонскиот идентитет и суверенитет во услови кога Македонецот е граѓанин од втор ред во својата држава. Мора да ги задржиме младите со чесна и одговорна работа и посветеност, рече Србиновска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот