Ристовски ја одведе Бенфика во групите на ЕХФ купот! (ВИДЕО)

twitter.com/SLBenfica

Борко Ристовски во самиот финиш од средбата успеа да одбрани два пенали, што беше голем и клучен придонес на крајот неговата Бенфика да обезбеди настап во групите од ЕХФ купот оваа сезона.

На првиот меч во Хрватска во Нашице екипата на Нексе триумфираше со 30:26, додека денеска во Португалија на реваншот триумфираше Бенфика со 30:26.

Поради поголем број на постигнати голови на гостински терен, Бенфика е таа која обезбедува учество во групната фаза.

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата најпрвин одбрани пенал при 26:24, а на четири секунди до крајот кога на семафорот стоеше 28:24 за португалската екипа, имаше уште еден пенал за Нексе кој можеше да им биде победнички за групна фаза, но не успеаја во намерата.

Не беше совладан повторно Македонецот кого го прославуваа неговиот тимски колеги. ВИДЕО ЗАПИСОТ И ОДЛУЧУВАЧКИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Кога сме кај стрелците во Бенфика шестпати во листата на стрелците се запиша Морено, а во поразените редови по седум имаа Баришиќ Јаман и Јагањац.

Претходно во второто квалификациско коло Португалците со две победи ја елиминираа бугарската Дубрава.

Уште еден Македонец би можел да се најде во групите на ЕХФ купот, в недела Нант на Лазаров во Норвешка против Арендал ќе брани само еден гол позитива (30:29), додека Металург ќе се обиде во СЦ „Јане Сандански“ (18.00 часот) да ја анулира негативата од Словенија против Горење Велење (19:24).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот