Ристовски имa проблем со дисциплината

EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра уште една добра сезона за тимот на Спортинг, но очигледно е дека овој фудбалер има проблем со дисциплината.Сезона тој заработи дури три црвени картони, поради што го загуби правото на настап во финалето на Купот на Португалија.

– Знам дека Стефан е добро момче, но три црвени картони во една сезона се знак дека нешто не е како што треба. Ќе треба да разговараме – изјави тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер.

На дуелот со Тондела, Македонскиот дефанзивец доби директен црвен картон, а дисциплинската комисија процени дека станува збор за „намерно удирање на противнички играч додека топката не е во близина”, изрекувајќи му на Ристовски дополнителен меч казна од вообичаениот еден натпревар неиграње.

Ова практично значи дека десниот бек нема да настапи во последното коло против Порто, а потоа ќе го пропушти и куп-финалето на Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот