Ристовски го продолжува договорот со Спортинг?

calciomercato.com

Италијанскиот медиум вели дека македонскиот репрезентативец дека Ристовски водел разговори со агентите, играчот се чувствува добро во клубот, а и Португалците се задоволни од нашиот одбранбен фудбалер.

Важечкиот договор на дефанзивецот со тимот истекува на 30 јуни 2022 година, па останува да се види дали ваквите најави наскоро и ќе се потврдат.

Ја очекува својата трета сезона во дресот на лисабонските „лавови“, а лани во шампионатот имаше 23 одиграни натпревари, а во дебитантската осум.

Ристовски (27) претходно ги бранеше боите на Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.

Да додадеме уште дека досега за младинскиот тим на Спортинг настапуваше Димитар Митровски, а во изминатиот период се шпекулираше дека овој португалски гигант е заинтересиран за услугите на уште еден Македонец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот