Ристовски: Фудбалот се игра 90 минути, доста се тешиме дека сме некакви „херои“!

Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Македонија денеска го заврши настапот на своето прво Европско првенство со три максимални порази од Австрија, Украина и Холандија.

Од ваквиот епилог во групата „Ц“ не е задоволен еден од нашите најдобри одбранбени играчи Стефан Ристовски кој смета дека сме можеле повеќе во текот на натпреварите во Букурешт и Амстердам.

– Знам дека оваа репрезентација може многу повеќе, но јас не сакам да се задоволувам само со учества на вакви големи натпреварување. Дојдов тука со амбиции да направиме нешто, да дојдеме до резултат, до бодови, а не да бидеме туристи, да не се „палиме“ на атмосфера.

Доста се тешиме со тоа дека сме некакви „херои“, фудбалот се игра 90 минути, но тоа некои фудбалери не го разбираат. Посакувам и во иднина да имаме добри резултати, успеси со македонската репрезентација. Упатувам благодарност до навивачите кои ја даваа поддршката, но ние не одговоривме како што ветувавме и планиравме од наша страна.

Да, емоциите работат, и треба да се извлечат поуки. Не постои личност како Горан Пандев, вечно ќе се сеќаваме на овие моменти со него. Му се заблагодаруваме и тој треба да биде пример за помладите играчи, како се игра за овој дрес – вели Ристовски.

Ангеловски ја имаше последната прес конференција како селектор на репрезентацијата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот