Ристовски до Бугарите: Добредојдовте во Македонија, сега е наш ред европски да ве пречекаме

Натпреварот Македонија - Бугарија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ - Скопје/фото: instagram.com/FFMacedonia/

Дефанзивецот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски го најави вечерашниот натпревар против Бугарија.

Денеска од 20.45 часот македонската А репрезентација ќе игра против Бугарија во последното шесто коло од групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации.

И двете селекции ги загубија шансите за првото место кое го обезбеди Грузија, но е важен за нас со победа или реми да се најдеме во четвртиот шешир пред жрепката на 9 октомври за квалификациите за ЕП 2024.

Селекторот Благоја Милевски не може да смета на дефанзивецот Стефан Ристовски поради повреда.

Играчот на Динамо Загреб исто така со големо внимание ги следи настапите на нашата сениорска селекција. Преку социјалните мрежи го најави натпреварот против Бугарите.

– Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред…ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ – стои во објавата на Ристовски на „Инстаграм“.

Воедно им посака среќа на своите репрезентативни колеги: „Среќно браќа мои“.

фото: принтскрин/ instagram.com/stefan_ristovski_13

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот