Ристовски: Динамо е клубот кој ме исполнува, се договоривме за пет минути

Фото: Динамо Загреб

Како и што во текот на вчерашниот ден најавија хрватските медиуми, Динамо Загреб денес потврди дека македонскиот капитен Стефан Ристовски потпиша нов договор.

Ристовски според новиот договор ќе остане верен на „модрите“ до лето 2025 година со опција договорот да биде продолжен на уште една година.

Воедно според тамошните медиуми истакнуваат дека после заминувањето на Аријан Адеми, кој се пресели во Кина, се очекува Ристовски да биде новиот лидер на хрватскиот шампион. Покрај нашиот дефанзивец, нови договори потпишаа и Јосип Мишиќ, Даниел Загорац и Дино Периќ.

„Сакам да се заблагодарам на клубот, се договоривме за пет минути, условите ми одговараа и немаше многу преговарање. Среќен сум и горд што продолжуваме заедно. Динамо е клубот кој ме исполнува и за кој сум спремен да се борам. Мотивиран сум во завршницата на сезоната и се надевам дека заедно со помош и од нашите навивачи ќе ја одбраниме титулата“, изјави Ристовски.

Ристовски во Динамо пристигна од редовите на Спортинг, а во кариерата играше уште за Парма, Фросиноне, Бари, Латина…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот