Ристовски: Да извлечеме што е можно повеќе бодови во ЛШ и СЕХА

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 се подготвува за натпреварот од СЕХА Газпром лигата против српската Војводина, средба која ќе започне в четврток (28 јануари) од 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Како што информираат од клубот денеска е планиран тренинг во комплетен состав заедно со репрезентативците на Македонија кои настапија на Светското првенство во Египет.

Ќе отсуствуваат само Иван Чупиќ и Патрик Валчак кои по настапот на СП се вратија во своите земји, и веднаш потоа ќе пристигнат во Скопје.

– Нè очекува еден почеток на втор дел на натпреварувачката сезона, натпревар против Војводина од СЕХА лигата. Не толку атрактивен, не толку можеби привлечен за јавноста, но за нас доста важен, затоа што сакаме да го стартуваме овој втор дел со победа, без разлика против кого и да играме.

Со оглед и на ситуацијата со коронавирусот и на отсуството на репрезентативците на Светското првенство бевме некомплетни сè до еден ден пред мечот со Војводина. Значи, во повеќе аспекти мораме да бидеме претпазливи, затоа што пак ќе повторам иако не се работи за некој сериозен противник, меѓутоа мораме ние сериозно да пристапиме. И нашиот пристап биде максимален 100%, бидејќи сакаме да ја почнеме оваа втора полусезона со триумф и со добра игра пред сè.

И да почнеме веќе и на вториот натпревар да фатиме континуитет на позитивни игри и резултати и да пробаме во февруари кој е пеколно тежок за нас да извлечеме што е можно повеќе бодови во Лигата на шампионите, но и во СЕХА лигата – рече голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот