Ристовски: Ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари

фото: Слободен печат

Капитенот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција говореше за очекувањата од утрешниот натпревар против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Мечот ќе се игра на нашиот најголем стадион со почеток од 20.45 часот, повеќе за влезниците за овој натпревар ТУКА

Според играчот на Динамо Загреб, се надева дека доколку се освојат трите бода против Малта, ќе се добие ветер во грбот за следните дуели.

– Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација – изјави Ристовски.

Покрај Македонија и Малта, во квалификациската група се наоѓаат и селекциите на Италија, Англија и Украина.

– Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Англија и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари – вели нашиот одбранбен фудбалер.

Потсетување дека на 27 март нашите фудбалери и контролен меч во Скопје против Фарски Острови, а квалификацискиот циклус за ЕП ќе го продолжат со домашниот меч против Украина на 16 јуни и гостинскиот во Манчестер против Англија три дена подоцна.

Милевски пред натпреварот со Малта: Во денешниот фудбал не постојат фаворити

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот