Ристовска пред ЕП: Апелирам да нема притисок, дајте ни ја поддршката и верувам дека ќе имаме успех

Сара Ристовска, репрезентативката на Македонија/фото: РФМ

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе го организираат Европското првенство во женска сениорска конкуренција во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година.

На денешната прес-конференција на Ракометната федерација на Македонија беше претставена богатата есенска ракометна програма со почетокот на ЕП. Нашата поранешна репрезентативна голманка и некогашен капитен на РК Кометал Ѓорче Петров, Гордана Нацева, се наоѓа во улога на амбасадор на првенството.

– Би се вратила 10 години наназад откога сум дел од македонската репрезентација. Значи за сите овие 10 години ние сме играле и квалификации и претквалификации, но на ниту едно првенство не се пласиравме. Затоа, сакам да изразам големо благодарам до нашата федерација затоа што ни овозможи и го прифати овој предизвик да бидеме домаќини на едно вакво големо првенство. Лично за себе, бидејќи во сениорска репрезентација немам настапувано на такво големо натпреварување. Како претставник на останатите ракометарки, тие ми кажаа заблагодари се од наше име, така што се заблагодарувам.

Навистина имаме големо подмладување во сениорската репрезентација во која претходните години беше тешко да се биде дел, покрај таа генерација со Мирјета Бајрамовска, беше тешко да се биде дел меѓу тие ракометарки. А сега е многу полесно затоа што со селекторот Љубомир Савевски сите кадетки сега се дел од сениорите и се гледа голем напредок, бидејќи ние се собираме на два месеци и лично можам да кажам, затоа што сум поискусна, дека има напредок и се надевам дека тоа ќе се изрази на ова првенство – вели една од најдобрите репрезентативки во сегашната селекција, Сара Ристовска.

За десното крило на ЦСКА Москва тоа претставува голем развој во македонскиот ракомет, бидејќи првенството е дома, доста мотивација затоа што играме нормално пред наша домашна публика. Македонската репрезентација на ЕП 2022 се наоѓа во група со Холандија, Франција и Романија. Првопласираните три селекции од секоја група одат во следната фаза.

– Се надевам дека тоа ќе биде понатамошен развој за македонскиот ракомет, затоа што тоа ни недостасува и мораме да се мотивираме на било каков начин. Има доста талентирани ракометарки и се надевам дека оваа генарација ќе биде успешна како онаа на Гордава Нацева, дека ќе ги наследиме и дека ќе направиме некаков успех. Апелирам да нема некаков притисок од новинарите, затоа ова е наше прво првенство што го играме на домашен терен. Никогаш не прецизирам, никогаш не давам одговори дали ќе победиме на европскиот шампионат, во овој случај против Франција, Холандија или Романија. Значи, ние само се подготвуваме, многу ми е драго што имаме меѓусебно разбирање, почитување, огромна дисциплина, и затоа верувам без притисок, само да се остави на нас, да нè бодрите, да бидете на трибини, наш осми играч и верувам дека ќе имаме огромен успех – се зборовите на Ристовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот