Ристовска и ЦСКА Москва доминираат во Лигата на шампионите

фото: whccska.ru/Максим Серегин

И после третиот натпревар рускиот женски ракометен клуб на ЦСКА Москва останува непоразен сезонава во Лигата на шампионите.

Денеска во рамките од третото коло ЦСКА на домашен терен убедливо со конечен резултат 30:20 успеа да го совлада романскиот претставник Рамнику Валчеа.

Најефикасна во победата беше Елена Михајличенко со девет голови, а во успехот придонесе и македонската ракометарка Сара Ристовска со два голови.

На спротвната страна Лопез Хереро четирипати се запиша во листата на стрелците.

Во некомплетното трето коло од групата „Б“ на врвот е ЦСКА Москва со пет бодови, а во наредното коло на 11 октомври ќе гостува кај германскиот Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот