Две Кочиќеви награди за Ристо Лазаров

Фото: Фејсбук/Ристо Лазаров

Македонскиот поет и книжевник Ристо Лазаров е добитник на наградата „Кочиќево перо“, награда која се доделува за високи достигнувања во современата книжевност и посветеност на убавината на Кочиќевата мисла.

Според Никола Вуколиќ, член на жирито за наградата „Кочиќево перо“, во денешно време Ристо Лазаров претставува едно од најзначајните имиња на нашиот книжевен простор. Тие велат дека повеќе нема никаков сомнеж оти тој со своето целокупно, повеќедецениско творештво, на најубав начин го одбележал изминатиот период во нашата книжевност.

Наградата, на свечен начин, ќе биде врачена во петок (20.12.2019) во 12 часот во Белград, а за добитникот ќе зборуваат членовите на жирито, книжевниците Никола Вуколиќ, Миљенко Јерговиќ и Младен Весковиќ.

Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Поет, преведувач, критичар, есеист. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар. Бил генерален директор на Новинската агенција Танјуг. Бил и главен уредник на меѓународното списание Балкан форум во кое свои прилози објавуваа Гинтер Грас, Чеслав Милош, Јосиф Бродски, Ханс Магнус Енцесбергер, Лешек Колаковски, Адам Михник и други врвни интелектуалци од целиот свет. Од 1997 година е директор и главен уредник на националната телевизија Телма.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година. Претседател е на Македонскиот ПЕН центар. Член е на Чешкиот ПЕН центар.

Циклуси од поезијата на Ристо Лазаров се објавени на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и други јазици. Застапуван е во сите релевантни антологии на современата македонска поезија.

 Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: “Млад борец” (1972), “13 ноември” на градот Скопје (1980), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), наградата “Ацо Шопов” на ДПМ за најдобра поетска книга (2006) наградата “Браќа Миладиновци” на СВП (2008). Во 2000-та година беше лауреат на Празникот на липите во Скопје, а во 2010 година е награден со Книжевното жезло и со наградата Велја кутија на Македонските духовни конаци.

Вo 2012 година ја доби наградата Дијалог за најдобра книга поезија (Ситночекорка).

Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Поет, преведувач, критичар, есеист. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот