17.8 C
Скопје

Ристевски: Не се откажуваме од бришењето на старите долгови кон ЕСМ

Да се „замрзне“ износот на каматата, кога таа ќе се изедначи со висината на долгот е предлогот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), презентиран и на последната седница на Економско-социјалниот совет, на кој беше презентиран петтиот економски пакет.

Марјан Ристевски, претседател на КСОМ за „Слободен печат“, вели дека инсистираат на измена на Законот за облигациони односи во делот на каматите, кој во актуелното решение дозволува слободен раст на каматите и многукратно ги оштетува граѓаните. Ристевски оценува дека бришењето на каматите на долговите кон јавните препријатија на локално и централно ниво кои се постари од три месеци, е одлична вест за граѓаните кои ќе може да ја платат главнината на 12 рати.

Претседателот на КСОМ, открива дека има шанси да се избришат и долговите и каматите на сметките за струја од старото ЕСМ, барем од 2006 година, кога компанијата ја презема ЕВН. Ристевски, потсетува дека изминативе години, на граѓаните им стигнуваат неплатени сметки за струја и од 1995 година, со ужасни камати?! Во моментот над 180 илјади сметки на граѓаните се Блокирани.

-Мора да се смени Законот за облигациони односи во однос на каматите и да не се дозволува тие енормно да ги билдаат долговите. Предлогот за бришење на каматите за долговите од Петтиот пакет, ќе им помогне на граѓаните – дециден е Ристевски.

На прашањето, што ќе се случи ако претпријатието на кое му должи граѓанинот, веќе го дало предметот на извршител, Ристевски објаснува дека во тој случај извршителот не ќе смее да наплаќа трошоци за камати.

-Трошковникот на извршителите е јавен документ и тие нема да смеат да наплаќаат и за каматите на долговите, бидејќи тие ќе се бришат. Со години се боревме и конечно успеавме да се намалат извршителските трошоци – објаснува Ристевски за „Слободен печат“.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар