Ристески: Ќе им помогнеме на извршителите да ги затворат и никогаш да не ги отворат канцелариите

Иако е најавен штрајк и своевиден протест на извршителите, локација и време за такво нешто нема. Од иницијативата „СТОП за извршителите“, во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ велат дека се изненадени од реакцијата извршителите да штрајкуваат.

-Изненадени сме од нивниот штрајк. Сепак, ја поздравуваме нивната акција за затворање на канцелариите, ќе им излеземе во пресрет ќе им помогнеме да ги затворат и никогаш да не ги отворат- изјави во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Маријан Ристески, активист за изменување на работата на извршителите.

Околу тоа какви се апсурдни бројките на долгови, Ристески потенцираше дека постојат најнереални долгови по основ на камата.

-Слушаме бројки што не ни се за верување. За 1000 денари долг имаме долгови за извршување од 30.000 денари по основ на камата. Се надеваме дека ќе се стави крај на овој грабеж. Извршителите се најголемото зло во оваа држава. Сами кажуваат дека народот нема пари да плати и покрај тоа, а пак го оптеретуваат граѓанинот со дополнителни трошоци- дополни Ристески.

Воедно во студиото на „Утрински брифинг“, рече дека по Нова Година, доколку нема промени во начинот на работа на извршителите, ќе организираат масовни протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот