Ринс го искористи киксот на Маркез

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Возачот на Сузуки, Алекс Ринс ја оствари првата победа во Мото ГП класата на трката која се возеше во Остин за Големата награда на САД. Тој успеа да го искористи падот на Марк Маркез и ја прекина неговата доминација во Остин.

Ринс во Остин дојде до 13. победа во кариерата но прва во Мото ГП класата  откако на четири кругови до крајот го претекна возачот на Јамаха, Валентино Роси  кој мораше да се задоволи со второто место. На третата позиција се пласира возачот на Прамак Дукати, Џек Милер.

Лидерот во генералниот пласман Марк Маркез не успеа да ја заврши трката бидејќи на 12 круга до крајот излета од патеката и ја прекина доминацијата на трката во САД која трае од 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот