Римската „волчица“ непријатно изненадена во Реџо Емилија! (ВИДЕО)

фото: твитер

Римскиот клуб успеа за момент да ги врати надежите откако намали преку Џеко и Веретут, но сите дилеми околу победникот ги реши Бога во 74. минута.

Во рамките од 22. коло во најсилното италијанска фудбалска Серија А екипата на Рома неочекувано загуби на гостувањето кај Сасуоло со резултат 4:2.

Римската „волчица“ беше шокирана на стадионот во Реџо Емилија уште во првото полувреме после кое имаше негатива од дури 3:0. Кај домаќините двапати Капуто стрелаше, а еднаш српскиот интернационалец Ѓуричиќ во 26. минута од средбата.

Римскиот клуб успеа за момент да ги врати надежите на ова гостување откако намали преку Џеко и Веретут, но сите дилеми околу победникот ги реши Бога во 74. минута.

Денеска се одиграа уште две средби од првенствената рунда во Италија, Болоња со 2:1 беше подобра од Бреша, а ремизираа Каљари и Парма (2:2).

На табелата води Јувентус со 51 бод, пред Интер (48), Лацио (46), Рома (39), Аталанта (38), Каљари (32)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот