Римска освета на Надал

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Рафаел Надал обезбеди пласман во финалето на Мастерс турнирот во Рим по победата над Гркот Стефанос Циципас водва сета. Тој го совлада младиот Циципас со 6:3,6:4 и му возврати за поразот исто така во полуфиналето, на Мастерсот во Мадрид.

Шпанецот во финалето ќе игра со подобиот од второто полуфинале кое се игра вечерва помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Кај дамите, прва финалистка е Британката Џоана Конта која со 2:1 во сетови, 5:7,7:5,6:2 ја победи Кики Бертенс од Холандија која пак триумфираше на турнирот во Мадрид минатата недела. Нејзина противничка во финалето ќе биде подобрата од дуелот помеѓу Каролина Плишкова и Мариа Сакари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот