Римас Куртинаитис ќе ја води Литванија во двомечот против Македонија

фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Потсетување дека поради лошиот резултат во олимписките квалификации, Казис Максвитис поднесе оставка на позицијата селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Литванија.

Како што официјално објавија од тамошната федерација, за нов селектор е назначен Римас Куртинаитис.

– Најпрво, би сакал да се заблагодарам на Литванската кошаркарска федерација, како и на Здружението на кошаркарски тренери на Литванија, за довербата. Тоа не даде некои големи емоции, бидејќи работата е многу одговорна, а задачите се големи. Една од ваквите задачи е да се пласираме на следното Европско првенство – вели Куртинаитис.

Во квалификациите за ЕП 2025 токму Литванија е следниот противник на македонската репрезентација.

Првиот меч е на 21 ноември годинава во Скопје, а три дена подоцна е возвратниот дуел на теренот на противникот.

Во овие квалификации почнавме со домашен пораз од Естонија (69:74), па убедливо славевме на гости кај Полска со 96:71.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот