Rimac го спасува Audi R8

Според информациите, R8 ќе добие електричен наследник во 2023. или 2024. година, а ќе се нарекува RS e-tron.

Audi најверојатно преговара соработка со Rimаc, кој е еден од лидерите во производство на компоненти за електрични автомобили.

По импресивните резултати на неговиот концепт Concept One и C_Two, Rimac стана важен играч во EV сегментот.

Производителот веќе соработуваше со компанијата Porsche, а се шпекулира дека работи и со Bugatti на првиот SUV на француската компанија, а можно е и со Lamborghini.

Сите споменати брендови се дел од германската групација Volkswagen. Rimac најверојатно ќе го снабди Audi со четири електро-мотори и батерии со брзо полнење.

Се шпекулира дека електричниот Audi R8, поточно RS e-tron би требало да збрзува од место до 100 km/h зa 2,5 секунди со погон на сите четири тркала.

Со оглед дека би можело да биде базиран на платформата на J1 на која Porsche го направи моделот Taycan, eлектричниот R8 би можел да има 950 KS со автономија до 500 km.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот