Рико го освои и Нови Сад – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Рико го освои и Нови Сад

Талентираниот возач од Македонија победи на стартот на шампионатот на Србија, една недела откако триумфира и на почетокот на нашето првенство во Кичево

Македонскиот возач Ристо Вуков Рико (24) победи во класата 2 (Југо хибрид) на трката во Нови Сад, Србија и уште еднаш сезонава потврди дека e наш најталентиран млад возач. Момчето што во детските години беше картинг-ѕвезда, по победата на кружната трка во Кичево пред десетина дена, беше најдобар и во Нови Сад завчера, победувајќи во фото финиш. Во Србија настапот на Рико го нарекуваат трка на денот, а домашните возачи Часлав Тошиќ и Душан Настасиевиќ беа второпласиран и третопласиран.

– Не очекував да победам, но потајно посакував. Не можам да опишам како се чувствувам. По поминувањето на целната линија, врескав од радост и заплакав во кацигата, ме обзедоа емоции. Ова за мене е старт на сезоната од сништата, се надевам дека ќе продолжам со вакви резултати и на следните трки. Целта ми е следната сезона да влезам во ТЦР шампионатот како високопласиран во двете првенства во кои што се натпреварувам сезонава – рече Вуков, по победата во Нови Сад. На таа трка настапија и возачи од БиХ, Хрватска.

Категоријата Југо хибрид (1.150 ccm3), се смета за отскошна штица за поголеми натпревари. Тка беше и за Игор Стефановски Иџе и Виктор Давидовски. Тие сега возат ТЦР шампионатот што е цел и на Рико. Љубителите на автомобилизмот во Србија, ја оценија трката на патеката Мишелук кај Нови Сад како една од поинтересните последнава деценија. Чиста трка, без инциденти, возбудлива, од почетокот до крајот.

Рико победи во истата класа и во Кичево, на отворањето на сезоната во Македонија. Негова цел сезонава е освојување на титулите во шампионатите на Македонија и на Србија. Се очекува обата шампионати да бидат многу интересни. Ќе има и неколку заеднички трки во обете земји во кои ќе настапат заедно возачите од Македонија и од Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close