Рико: Автомобилот е фантастичен, буквално како да си во болид! (ФОТО)

facebook.com/rikovukov

Шампионатот Порше Карера Куп Италија во 2020-та година ќе има сигурни 7 трки, а можно е во календарот да биде вметната уште една, за што ќе одлучи организаторот пред стартот на натпреварувањето.

За нашиот натпреварувач Ристо Вуков Рико ова е сосема ново искуство, организацијата е застрашувачка. Се сретна со Џанлука Де Лоренци, поранешен возач и сопственик во тимот со исто име.

– Се надевам дека ќе ја искористам шансата да ги покажам моите возачки квалитети и да и донесам на нашата земја солидни резултати и радости на меѓународно ниво. Автомобилот е прекрасен, фантастичен. Чувството е буквално како да си во болид. Кон крајот на февруари или на почетокот на март, ќе го донесеме возилото во Македонија и ќе направиме промоција – вели Вуков.

facebook.com/rikovukov

Порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот. Поршето има зафатнина 4.000 ццм3 и 485 коњски сили, со маса од 1.200 кг што е релативно малку за едно такво „чудовиште“.“ Станува збор за големи брзини на патеката, на правецот на Монца се постигнуваат и 280 км/час.

Вуков додава дека конкуренцијата и можноста за напредок во кариерата, што му беше предизвик и во шампионатот на Србија во националната класа до 1150 ццм3, ќе му бидат главниот мотив во рамките на следната сезона.

Има 25 возила, сите се скоро исти. Предизвикот е да се биде во Топ 10 на секоја трка, можеби меѓу првите пет. Тестирањата почнуваат во март наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот