Рики Мартин на насловната на „People“ магазин: Јас сум човек без тајни

Instagram
Принтскрин / Instagram

Рики Мартин е зафатен човек. Дома е сопруг, венчан со уметникот Жван Јосеф од 2017 година. Тој е татко на четири деца под 13-годишна возраст. Наскоро ќе го издаде својот нов албум „Play“, единаесетти по ред. Ветува дека новиот албум е забавен со брзо темпо и песни за танцување.

Поминаа повеќе од две децении откако Рики Мартин се појави во поп културата со кожни панталони и колкови што танцуваат на „Livin’ La Vida Loca“, станувајќи секс-симбол на 2000-тите години. Жените го сакаа, мажите го сакаа, сите го сакаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Да бидам искрен, јас сум навистина несигурен и не одам на места кои ми предизвикуваат анкциозност. Лесно ми е да настапувам пред публика од 30.000 луѓе и се чувствувам како крал на светот, но кога на интимна средба некој ќе побара да испеам песна ми предзвикува голема нелагодност“, изјави пејачот за „People“.

Анкциозноста била дел од неговата дневна рутина, додека не открил во јавноста дека е геј во 2010 година

Многу луѓе ми имаат кажано, „Рик, се обидуваше да се докажеш бидејќи беше секс-симбол“, да можеби. Не знам. Не треба да бидеш геј маж за да знаеш дека љубовта е комплицирана, или да знаеш колку е комплицирана привлечноста што ја чувствуваш за некој“, вели Рики Мартин, надоврзувајќи се дека пред да сфати дека е геј бил збунет „Дали сум геј? Дали сум бисексуалец? Дали сум збунет? Што сум? Сексуалноста е комплицирана. Не е црно-бела, туку е полна со многу бои. Кога бев во врски со жени, ги сакав жените. Преубаво ми беше. Хемијата беше присутна“, зборува искрено пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Но, гласините за неговата сексуалност не престануваа

Во 2009 година Барбара Волтерс му го постави прашањето на национална телевизија, „Не можеш да ги запреш гласините. Дали си геј или не?“, пејачот одговори на директното прашање „Не се чувствувам така“.

Пејачот вели дека тој момент сè уште го демне „Кога ми го постави прашањето се почувствував нападнат бидејќи не бев спремен да одговорам. Бев многу исплашен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Од оваа перспектива, можеби требаше да одговорам потврдно на прашањето во тоа интервју. Ќе биде добро, бидејќи кога конечно ѝ открив на јавноста дека сум геј и се чувствував извонредно. Кога станува збор за мојата сексуалност и за тоа кој сум, сакам да зборувам отворено. Затоа што ако го криеш, станува прашање на живот или смрт“, истакна тој.

На пејачот му недостасувало ЛГБТИ+ менторство во адолесенцијата и за тоа размислувал многу

Има многу деца во светот кои немаат кому да се огледаат. Околу нив има само луѓе што им велат „Ова што го чувствуваш е зло“. Но, не можеш да го натераш некој да ја открие својата сексуалност. Ако земеш јајце и го скршиш екстерно ќе излезе смртта, но ако му дозволиш да се скрши само, ќе излезе животот“, заклучи популарниот Рики Мартин.

Видео на денот