Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули

 Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент.

-Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата Пат до Преспа” (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот, се вели во соопштението.

Се додава дека во Охрид гостинот од САД ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан.

Рикер во Тирана ќе се сретне со премиерот Еди Рама и други официјали претставници „за да разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес”. 

Рикер ќе го придружува државниот секретар Ентони Блинкон, кој од 22 до 29 јуни оди во посета на Берлин, Париз, Рим, Ватикан, Бари и Матера. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот