Ријвас: Ако Северна Македонија ги исполнила сите критериуми не треба да има никакви субјективни пречки за да влезе во НАТО

Фото: EPA/YOAN VALAT

„Естонија е членка на НАТО 15 и пол години и ние знаме од прва рака дека тоа е наjсилната Алијанса во светот и да ја имаме Македонија е многу важно дополнување во НАТО. Јас се надевам дека многу скоро ќе го славиме и прогресот на земјата кон Европската Унија. Мислам дека е многу јасно дека ако земјата ги исполнила сите критериуми не треба да има никакви субјективни пречки за да влезе во европското семејство“, нагласи денеска поранешниот премиер на Естонија Таави Ријвас.

Тој на меѓународна конференција за иновациите во областа на безбедноста, во рамките на пристапувањето на Македонија во НАТО „Innovative Europe, Security Hackathon”, посочи дека на настанот не се зборува само општо за безбедноста, туку и за хибридните закани и порача дека ако станеме многу дигитални како нација треба многу да инвестираме во сајбер-безбедноста.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека нашата цел не е само зачленување во НАТО туку и оспособување за справување со безбедносните ризици.

– Вистина ќе решиме едно безбедносно прашање со нашето членство во НАТО, меѓутоа не смееме како држава тука да застанеме и со тоа да бидеме задоволни, бидејќи безбедносните ризици се секој ден. Ние како држава треба да бидеме проактивни, да ги согледуваме проблемите, можните ризици кои ќе следат и да даваме соодветни решенија, посочи Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот