Ријана со остри критики од фановите: Како можеше да не лажеш сите овие години? (ВИДЕО)

Instagram

Робин Ријана Фенти, најпозната по своето средно име Ријана, откако прв пат се појави на сцената со песната „Pon de Replay“, важи за една од најатрактивните жени во светот на шоубизнисот. Хитовите постојано се нижеа, а таа помина низ бројни визуелни трансформации, па имавме можност да ја видиме во секакво издание. Било како и да се појави Ријана, таа постојано мами погледи и изгледа како милион долари.

профимедиа

Меѓутоа, доколку прашате дел од нејзините фанови, без шминка тоа не е таа.

Прочуената убавица од Барбадос која во последно време ја промовира линијата на својата провокатвна долна облека и шминка, сподели на Инстаграм снимка каде со својата пријателка се обидува брзо да го изговори името на новиот кармин, а не носи ниту грам шминка. Иако тоа не е прв пат Ријана да ја видиме во сосема природно издание, некои од фановите се налутиле бидејќи тврдат дека пејачката воопшто не изгледа на личноста која со години ја гледаме на спотовите и друштвените мрежи.

„Која е оваа жена?“, „Ова не е Ријана како што ја знаеме сите“ и „Едно е да не се шминка во карантин, а потполно друго да не лаже сите овие години“, биле само дел од коментарите на друштвената мрежа.

Сепак, сметаме дека фановите малку претераа со овие коментари, зарем не? Пејачката изгледа прекрасно во секое издание!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот